Ekip
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
ДЕН ХАГ (АА) - Европската полициска агенција, Европол, денес предупреди дека терористичката организација ДЕАШ во блиска иднина најверојатно ќе изврши нови напади во Европската Унија, веројатно имајќи ги за цел земјите-членки на коалицијата преводена од САД, која се бори против тие екстремистички организации во Сирија и во Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Податоците од некои разузнавачки служби укажуваат на можноста во Еропа моментално да се наоѓаат десетици лица поврзани со ДЕАШ, способни да извршат терористички напади“, се наведува до извештајот којшто се потпира на информациите на европските разузнавачки служби за борба против тероризмот, на извештаите на медиумите, како и на претходни јавни повици на лидерите на ДЕАШ за напади.
Во извештајот на Европол исто така се наведува дека оваа терористичка група е вешта во влијаењето на маргинализираните млади луѓе, од кои некои имаат ментални проблеми, и ги поттикнуваат да извршуваат напади.
Европол предупредува дека тактиките со кои ДЕАШ се служи во Ирак и во Сирија, како автомобилот-бомба, исто така би можеле да бидат користени и во Европа. Агенцијата констатира дека нападите во Франција и во Белгија во последните две години покажуваат оти екстремистите што дејствуваат во името на ДЕАШ можат ефикасно да планираат сложени напади.
Агенцијата наведува дека ДЕАШ сега наместо симболични цели, како што се војската и полицијата, одбира „полесни цели“, што се потврдува со примерот на минатогодишниот напад во Париз.
„Неселективните напади имаат многу силно влијание на јавноста во целина, што е еден од главите цели на тероризмот (сериозно да се исплаши населението)“, се наведува во извештајот.
Во извештајот на Европол се наведува и дека европските разузнавачки агенции се согласни оти хакерските способности на терористичките групи се сѐ уште на ниско ниво“, но се додава дека можноста за кибер напади не треба да биде исклучена.
Европската полициска агенција потсетува и на случајот од февруари, кога во Мароко беше спречен најверојатен напад на ќелиите на ДЕАШ со хемиско или биолошко оружје, и предупредува дека таквото оружје би можело да се употреби и во Европа.