Emre Aytekin
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
АНКАРА (АА) - На Самитот на градоначалници Ц40, кој се одржува во Мексико Сити во Мексико, направен е историски чекор за намалување на емисијата на јаглерод во воздухот и за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата на членките на Ц40, познати како „Лидерска група за клима во големите градови“, се вели дека на Самитот заедничка изјава дале претседателите на општините на градовите Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина, кои се договориле од 2025 година целосно да се посветат на забраната за употреба на дизел возилата во овие градови.
Ан Идалго, градоначалничката на Париз, Мигел Ангел Мансера, градоначалникот на Мексико Сити, Мануела Кармен, градоначалничката на Мадрид и Јоргос Каминис, градоначалникот на Атина, потпишувајќи ја изјавата, дадоа збор дека ќе ја искористат сета своја моќ за препорачување на употребата на електрични, хидрогенски и возила на хибриден погон.
Лидерите истовремено се договорија дека ќе направат чекори за промовирање и поттикнување на користењето велосипеди и ќе работат на изградбата на пешачки патеки.
Холандскиот Парламент во април 2016 година го одобри нацрт-законот со кој од 2025 година се забранува продажба на дизел возила во земјата.
И во Германија, за да се поттикне производството на електрични автомобили, се планира од 2030 година да се забрани продажбата на дизел и бензински возила.