Gökhan Kavak
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
АБУЏА (АА) - Добитникот на Нобеловата награда за литература, писател и активист за човекови права, проф. Воле Сојинка, во својата реакција за расистичкиот дискурс на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, истакна дека веќе нема да оди во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на националните медиуми, Сојинка нагласил дека во текот на предизборната кампања Трамп употребил расистички дискурс и оти сега го исполнува ветувањето што го дал пред јавноста:
„Ветив дека во случај да победи Трамп ќе ја исфрлам зелената карта што ми ја даде САД и дека ќе си одам од САД. Го исполнив ветувањето“, рече Сојинка.
Осумдесет и двегодишниот писател кој во текот на граѓанската војна во 1967 година, во Нигерија, одлежа 2-годишна затворска казна, во 1986 година ја доби Нобеловата награда за литература и стана првиот африкански лауреат. Сојинка предаваше на Универзитетите „Харвард“, „Корнел“ и „Јејл“.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во текот на предизборната кампања употреби сензационални и остри говори.
Трамп беше критикуван од страна на многу познати лица и политичари поради неговиот дискурс. Исто така, тој беше критикуван за расизам, шовинизам, ксенофобија и непријателство кон жените.