Satuk Buğra Kutlugün
02 Декември 2016•Ажурирај: 03 Декември 2016
БАГДАД (АА) - Според податоците на Мисијата на ОН во Ирак (УНАМИ), во оваа земја во ноември загинаа 2.885 лица во терористички напади и судири на вооружените сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што УНАМИ го објави синоќа, во истиот период се ранети 1.380 лица, од кои 930 цивили. Од вкупниот број загинати, 926 беа цивили. Во месечниот извештај се наведува дека загинале 1.959 припадници на безбедносните сили, а 450 се ранети.
Се нагласува дека вкупниот број на загинати во ноември 2016 година е поголем за 1.903 жртви во однос на истиот месец минатата година.
Меѓутоа, во извештајот не се вклучени жртвите од западната ирачка покраина Ал Анбар поради нестабилната состојба на теренот и прекинот на врските.
Мосул е град во кој во ноември е забележан најголем број жртви – 322 цивили се загинати, а пак 114 се ранети. Потоа следува Багдад со 152 загинати и 581 ранети цивили.