Umur Koçak Semiz
23 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
АНКАРА (AA) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека изјавата на американскиот претседател Барак Обама за настаните од 1915 година, а кои на ерменски јазик ги нарече “Meds Yeghern”, што значи "голема катасторфа" , нов пример на еднострано толкување на историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
"Изјавата на американскиот претседател Барак Обама за настаните од 1915 година е нов пример за еднострано толкување на историските настани и страдањата кои се случија во текот на Втората светска воја", се наведува во соопштението.
Се наведува дека Турција се залага за зедничка иднина во која во мир би живееле турскиот и ерменскиот народ како што живееле заедно со векови.
"Жално е што пријателските и сојузничките земји, наместо да ги поддржат ваквите апели, ги охрабруваат круговите кои заговараат продлабочување на судирите", се наведува во соопштението на министерството.
На крајот упатен е апел на американската администрација да заземе, како се наведува, објективен, рационален и конструктивен став во врска со настаните од 1915 година.
Инаку Обама во петок, на 24 април, по повод годишнината на настаните од 1915 година, тогашните случувања ги нарече "Meds Yeghern" на ерменски, што значи "голема катастрофа".
"Почнувајќи од 1915 година за време на Османската империја, припадниците на ермескиот народ се протерани и одведени во смрт. Избришана им е културата и наследството во нивната земја. Во текот на насилството во кое сите страни биле изложени на страдања, смртно страдаа 1,5 милион Ермени", наведе Обама, истакнувајќи дека е во интерес на сите страни да ја прифатат вистината и реалноста за да се соочат со настаните од минатото.
Настаните од 1915 година во текот на Првата светска војна, кога дел од ерменското население кое живееше во Османското царство им се придружи на Русите кои упаднаа на територијата и се бунеа. Тие настани со години се предмет на спор помеѓу Ерменија и Турција. Американското лоби на меѓународната сцена работи на собирање на подрршка за тврдењето дека Ерменците тогаш биле жртви на "геноцидот", додека Турција смета дека оценката за карактерот на тие случувања би требало да ја дадат историчарите, а голем број од нив не се сложува со тврдењата на проерменските кругови.