Melda Altakhan
21 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Авиокомпанијата Туркиш Еирланс (THY) соопшти дека пораи безбедносни причини е забрането внесување на мобилните телефони на „Самсунг Галакси Нот 7", во целата мрежа на патничките, чартер и карго летовите кои таа компанија ги реализира ширум светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Туркиш Еирланс на официјалната интернет страница објави предупредување на патниците за забрана за носење на спомнатиот мобилен телефон кој произведувачот Самсунг претходно го повлече од продажба поради квар кој може да предизвика прегрејување, дури и експлозија на уредот.
„На сите нашите летови е забрането носење на мобилниот 'Самсунг Галакси Нот 7'. Забраната вкучува внесување на телефонот во патничкиот дел од авионот, кабината, багажот и карго одделите", се наведува во соопштението на Туркиш Аирланс.
Претходно, 'Самуснг Нот 7' е забранет во авионите во САД, Канада и некои други земји, а покрај Туркиш Еирланс, бројни други авиокомпании го забранија неговото внесување во авионите.