Fuat Kabakçı
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските астронаути во бестежинска средина одгледуваат свилени буби, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информативната агенција Синхуа, кинеските астронаути започнале со одгледување свилени буби во лабораторија во бестежинска средина. Тие во орбитата се пренесени со вселенското летало „Шинчжоу-11“.
Во веста е претставено и видеото снимено во лабораторијата „Тиенгонг-2“. На видеото може да се забележи како свилената буба прави движења во бестежинскиот простор.
Се работи за експеримент во кој ќе се набљудува развојот на ларвата во бестежинска средина.