Michael Hernandez
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Избраниот претседател, Доналд Трамп вчера изјави дека ќе го номинира пензионираниот генерал Џејмс Матис на чело на Пентагон, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп ја објави оваа одлука на таканаречениот победнички митинг во Охajo.
„Ние ќе го назначиме „Лудиот пес Матис” како наш секретар на одбрана”, изјави тој во Синсинати користејќи еден од прекарите на генералот.
Матис го напушти Пентагон пред помалку од четири години откако ја водеше командата на САД на Блискиот исток.
За време на неговата повеќе од четири децениска кариера во Корпусот, Матис направи впечатлив воен рекорд, вклучувајќи ги Заливската војска и инвазијата на Авганистан и Ирак.
Но по краткото отсуство од неговата активна должност ќе му треба правно ослободување од Конресот за да го продолжи врното место на Одделот за одбрана.
Законот на САД предвидува дека секретарите за одбрана треба да имаат најмалку седум години меѓу активна должност и нивното именување. Конгресот одобри слично изземање само еднаш, на иконскиот армиски генерал, Џорџ Маршал.
За време на неговиот престој во Маринци, Матис има развиено репутација како ценет стратешки ум кој исто така бил агресивен воен лидер, добивајќи ги прекарите „Воин Монк” и претходно споменатиот „Лудиот пес Матис” .
Тој ја предводеше операцијата на САД во Фалуџа 2004 година, каде САД се соочи со една од најжестоките борби во Ирак. Неговиот знак за повик за операцијата беше „хаос”.