Satuk Buğra Kutlugün
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ХАМБУРГ (АА) - Поддржувачите на терористичката група ПКК вчера нападнаа турски имоти во Германија, дознава Anadolu Agency (АА).
Турскиот културен центар, локален весник и турскиот фудбалски клуб Виллхелмсбург во Хамбург се меѓу нападнатите.
Поддржувачите на ПКК ја презедоа одговорноста за нападот на спортскиот клуб и објавија слики и видеа на социјалните мрежи од вандализмот во кој биле користени молотови коктели.
Официјални лица на спортскиот клуб за АА изјавија дека работникот што бил во зградата за време на нападот спиел и можел да загине доколку огнот не се изгасил спонтано.
Поддржувачите на терористичката група исто така ја нападнаа и џамијата Али Паша, лоцирана 30 километри од Хамбург.
Локален извор за АА изјави дека биле искршени прозорците на џамијата и биле испишани смртни закани на ѕидовите.
ПКК исто така е активна и во другите земји на ЕУ, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Данска, Франција, Грција, Холандија и Шведска.
Терористичката група се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ и ја продолжи својата децениска вооружена кампања против Турција во јули минатата година. Повеќе од 300 цивили и речиси 800 лица од безбедосниот персонал загинаа. Неутрализирани се околу 8.000 терористи на ПКК.