Ekipa
14 Февруари 2020•Ажурирај: 16 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) – Срушен е хеликоптер од силите на режимот на Асад во западната периферија на Алепо, во границите на деескалациската зона во Идлиб, Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Додека жестоките судири меѓу воената опозиција и режимските сили продолжуваат во руралните предели на западниот дел на Алепо, хеликоптер, кој полетал од центарот на градот Алепо, се упатил кон местото каде што е лоцирана сириската опозиција.
Хеликоптерот бил погоден во местото Куптан ел-Џебел, по што се запалил за време на падот.
Според Опсерваторијата на опозицијата за набљудување на авиони, воен авион на режимот, кој полетал од воениот аеродром во Хама, се вратил назад по предупредувањето од кулата дека е срушен еден хеликоптер.
Во западниот дел на областа Серакиб, во Идлиб, пред 3 дена беше срушен хеликоптер на сирискиот режим, при што загинаа 3 лица.