Emre Gürkan Abay
14 Февруари 2020•Ажурирај: 15 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека лидерите на Турција и Русија оваа недела разговарале за прашањето за Идлиб, и нагласи дека се во близок контакт во врска со тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков во изјава за медиумите во главниот град Москва се осврна на случувањата во сириски Идлиб.
Укажувајќи дека тензиите во Идлиб се зголемени, Песков рече: „Русија и Турција се во близок контакт во однос на прашањето за Идлиб. Нашите лидери оваа недела имаа телефонски разговор, се состанаа и воените претставници. Експертските делегации имаат меѓусебни посети.“
Во соопштение на руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу, планирано е да се состанат на 16 февруари, во рамките на Минхенската безбедносна конференција.