Ekip
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ХАН ШЕЈХУН (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад денес извршија нови воздушни напади во Хан Шејхун, кај Идлиб, каде што неодамна беше извршен масакр со употреба на забранетото хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
„Авионите на сирискиот режим денес напладне го погодија пазарот во Хан Шејхун. Во нападот загинаа шестмина цивили, вклучувајќи и едно дете. Десет лица се повредени“, изјави за АА Хамит Kутајни, претставник на локалната цивилна одбрана.
Силите на Асад на 4 април извршија напад со хемиски гас, во кој загинаа повеќе од 100 цивили, а поголемиот дел од преживеаните жители по нападот избегаа северно, кон сириско-турската граница.