Ali H. M.Abo Rezeg
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Во главниот ирански град Техеран денес, на денот на одбележувањето на 39. годишнина од нападот на американската Амбасада во 1979 година, беа организирани протести против Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Америка, Америка, смрт за вашите измами“ и „Смрт за Америка, смрт за Израел“, извикуваа демонстрантите додека маршираа низ главниот град, објави иранската полудржавна новинска агенција ИСНА.
На протестите учествуваа и неколку политички и воени службеници, вклучувајќи го и Мухамад Али Џафари, врховниот командант на иранската Исламска револуционерна гарда.
Во обраќањето на демонстрантите, Џафари изјави дека 4 ноември го претставува ден конфликтот меѓу Иран и САД.

„Никогаш не му се заканувајте на иранскиот народ... Не упатувајте воени закани против нас и не нѐ заплашувајте со тие воени закани“, објави весникот „Техеран тајмс“ (Tehran Times), цитирајќи го Џарафи.
На 4 ноември во 1979 година, група ирански студенти ја нападнаа американската Амбасада во Техеран и зедоа 52 американски заложници за 444 дена.
Тоа предизвика долга криза меѓу Техеран и Вашингтон која заврши со потпишување на Алжирските договори на 19 јануари 1981 година, кога заложниците беа пуштени на слобода следниот ден.