Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
АЗАЗ (АА) - Најмалку осум лица, меѓу кои и еден од водачите на терористичката организација ДАЕШ, се убиени во текот на акциите изведени во северниот дел на сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите ги изведе сириската опозиција а ослободено е селото Тукли. Како што наведуваат локални извори, акциите се изведени на подрачјето на Азаз, Џераблус и Марија со цел ослободување на ова подрачје од ДАЕШ.
Извор од редовите на опозицијата наведе дека се убиени осум членови на ДАЕШ а тврди дека меѓу нив е и еден од водачите на терористичката организација на тоа подрачје, Ебу Мерјем ел-Најруби.
Воздушна поддршка во ослободувањето на селата дадоа воените авиони на коалиционите сили. Во северниот дел на Алепо каде планираат да направат безбедно подрачје, претходно се ослободени селата Дудјан, Каракопру, Харџеле, Берегиде, Кизли, Нови Јабан, бегдин, Делха и Халфетли.