Mustafa Deveci
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 44 лица загинаа и 103 се повредени утринава во стампедо на еврејски религиозен фестивал во северниот дел на Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил на планината Мерон во близина на северниот град Сафед, каде што се одбележувал празникот Лаг баОмер.
Според израелскиот дневен весник „Ерусалим пост“, во стампедото загинале 44 лица и 103 се повредени, од кои 44 се во критична состојба.
Во регионот е основана теренска болница.
Израелската полиција започна истрага за стампедото.
Шест хеликоптери за брза помош биле испратени во регионот за евакуација на оние во критична состојба и како и многу медицински екипи.
„Трагедија на планината Мерон. Сите се молиме за закрепнување на повредените. Сакам да ги зајакнам спасувачките сили кои дејствуваат во областа“, изрази жалење израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку Твитер.