Ali Murat Alhas
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот тип на коронавирус во светот, денес надмина 150 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс", јавува Агенција Анадолија (АА).
САД се со повеќе од 32,2 милиони случаи на Ковид-19, земја со најмногу заразени во светот. Следуваат Индија со повеќе од 18,7 милиони и Бразил со повеќе од 14,5 милиони.
Од последиците на Ковид-19 досега починаа повеќе од 3,16 милиони лица, а излекувани се повеќе од 87,5 милиони.
Новиот тип на коронавирус се појави во Кина кон крајот на 2019 година, а се прошири во повеќе од 192 земји и региони ширум светот.