Hakan Çopur
30 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Додека продолжува кризата за Украина помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, наредната недела ќе допатува во украинскиот главен град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен оваа информација ја потврди за време на првиот објавен дел на интервјуто за американскиот канал „Си-би-ес“ (CBS), во кој рече дека посетата се реализира за да се разговара за последните случувања во Украина.
„Моментално натрупувањето на воените сили на украинската граница е поголемо од тоа во 2014 година кога Русија го окупира [Крим]. Не можам да кажам дека ги знаеме целите на господинот Путин. Постојат повеќе прашања за кои тој може да одлучи дали да ги направи или не“, нагласи Блинкен.
Тој истакна дека во последните денови одблизу го следат процесот на повлекувањето на руските војници.
Американскиот министер уште еднаш ја повтори поддршката на САД за Украина.