Şenhan Bolelli
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
МАДРИД (АА) - Европа продолжува да се бори со пандемијата на коронавирусот, што целосно го смени природниот тек на животот на континентот, пишува Агенција Анадолија (АА).
Последиците од Ковид-19 најпрво се манифестираа со откажување на активности во затворен простор и со затворање на рестораните, баровите и кафулињата
Со текот на времето, со полицискиот час, мерките беа заострени и почнаа да се изрекуваат казни за оние кои не ги почитуваа правилата.
Со повик од Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за ограничувања на пристапот до алкохол, особено за време на општите практики на затворање, воведени се и правила за продажба на алкохол или места за негово консумирање.
Во Германија е воведен полициски час од 22 часот до 5 часот наутро. Рестораните и кафулињата нудат само услуги за достава и самоподигнување, додека воведено е ограничување за продажба на алкохол.
Во Франција исто така е воведен полициски час. Сите деловни објекти се затворени, со исклучок на продавниците каде што се продаваат основни потрепштини.
На баровите и рестораните им е забрането да продаваат алкохол, додека консумирањето алкохол е забрането на јавни места.
Во Велика Британија, каде што трипати беше воведуван карантин на ниво на целата држава, воведен е и полициски час. Баровите, рестораните и кафулињата беа затворени, како и деловните субјекти кои не продаваат основни производи.
Во земјата, која е во процес на нормализација, баровите, рестораните и кафулињата пружаат услуги само на отворените тераси.
Во Италија на сила е полициски час од 22 часот до 5 часот наутро. Од октомври минатата година, на рестораните, баровите и на кафулињата дозволено им е да работат само со испорака и самоподигнување на нарачките.
По 18 часот, забрането е јадење и пиење на отворено, како и продажба на алкохол.
Во меѓувреме, во Шпанија е воведен полициски час по 23 часот.
Исто така, во рестораните и баровите максимум шест лица на маса можат да се послужуваат на отворено и четири лица во затворен простор.
Консумирањето алкохол на јавни места е забрането.
Во Белгија е воведен полициски час по 22 часот. Некои мерки ќе бидат укинати на 8 мај, а на терасите на рестораните, кафетериите и баровите ќе им биде дозволено повторно да се отворат.
Продажбата и консумирањето алкохол на јавни места ќе биде дозволено до 22 часот.
Во Австрија на сила е полициски час од 22 часот до 6 часот наутро.
Во Унгарија, полицискиот час кој беше воведен во периодот помеѓу 22 часот и 5 часот наутро, поради пораст на случаите на Ковид-19 е променет и важи помеѓу полноќ и 5 часот наутро.
Во моментов, рестораните служат само на своите отворени тераси. Онлајн наставата продолжува во средните училишта и универзитетите.
Во Грција полицискиот час е на сила меѓу 23 часот и 5 часот наутро. На рестораните, баровите и кафулињата од 7 ноември им е дозволено да работат само со достава и самоподигнување на нарачките.
Во Бугарија, местата за ноќна забава и рестораните се повторно отворени.
Kако дел од мерките против Ковид-19, во Данска дозволено е да работат само маркетите. На рестораните им е дозволено да пружаат услуги за достава и самоподигнување на нарачките. Баровите и дискотеките се затворени од минатата година.
Продажбата на алкохол на деловните објекти со отворени тераси, како и работата на маркетите е забранета по 22 часот.
Во Шведска, продажбата на алкохол беше забранета минатиот ноември и февруари годинава по 22 часот. Подоцна, забраната беше поместена на 20:30 часот поради зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19.
Во Србија и Хрватска продажбата на алкохол беше забранета во периодот меѓу 22 часот и 6 часот наутро, а на рестораните и кафулињата им беше дозволено да служат само на отворените тераси во текот на денот.