Besar Ademi
05 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на неколку различни граѓански организации, неколку десетици граѓани на Скопје се собраа во Градскиот парк за да го изразат својот револт против алармантна состојба на загадување на воздухот во некои градови на земјата, и како што велат, против незаинтересираноста на институциите за оваа ситуација, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите велат дека и покрај фактот што тие барале од надлежните органи да преземат конкретни мерки за решавање на проблемот, тие биле целосно игнорирани од страна на институциите.
Според нив, загадување на воздухот во голема мера е зголемено, имајќи го во предвид работењето на индустриски објекти, греење во зимскиот период, како и зголемениот увоз на возила. Тие бараат итни мерки и долгорочен план за решавање на оваа здраствена катастрофа, бидејќи според нив, досега сите мерки и стратегии обезбедени од страна на надлежните органи, не успеја.
Тие велат дека според податоците на Светската банка, дневно четири македонски граѓани ги губат своите животи поради загадување на воздухот, додека на годишно ниво таа бројка изнесува 1.350 лица годишно.
Во последните денови, во утринските часови во градовите Скопје, Битола, Тетово, Велес и Куманово, присуството на канцерогени ПМ10 честички во воздохут е многу повисоко од дозволено ниво. Граѓанското општество смета дека во моментов Скопје е најзагаден град во Евопа.