Eshat Fırat
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Влада презеде мерки против меѓународната организација „Amnesty International“ (Амнести интернешнал) поради кампањата што оваа организација ја започна против израелската бесправна изградба на станбени објекти на палестинска територија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави израелскиот весник „Haaretz“ (Харец), Министерството за финансии донесе одлука на сите државјани кои донирале средства за „Amnesty International“ да им се одземе привилегијата со којашто се ослободени од плаќање данок.
Сѐ уште не е познато какви мерки ќе преземе Владата на Израел директно против организацијата со седиште во Лондон.
„Amnesty International“ неодамна започна кампања за бојкот на израелските производи што се произведуваат на окупираната палестинска територија. Министерството за финансии на Израел потоа ги повика на разговор претставниците на оваа организација во Израел.
„Сѐ што се произведува на територијата што Израел ја држи под окупација веќе половина век треба да биде забрането“, соопштија преходно од „Amnesty International“.