Fikret Kavğalı
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
ФИЛИПИНИ (АА) - ФИКРЕТ КАВГАЛИ - Стотици илјади муслимани на Моро поради судирите меѓу милитантската група Мауте, поврзана со ДЕАШ, и припадниците на безбедносните сили на Филипините, веќе четири месеци живеат во тешки услови во градот Илиган, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирите во градот Марави започнаа на 23 мај, поради што стотици илјади Моро муслимани беа принудени да ги напуштат своите домови.
Муслиманите живеат во бегалските кампови во близина на Марави, но и во Илиган.

Д-р Норониса Дипатуан, сопруга и мајка на четири деца, е само една од многуте кои поради судирите морале да го напуштат домот во Марави.
За Anadolu Agency (AA) таа изјави дека во судирите на припадниците на безбедносните сили и милитантите била срушена болницата која била нејзина сопственост, како и училиште.
Дипатуан 12 години управувала со втората по големина болница во Марави, а имала и училиште во кое бил обучуван медицинскиот кадар.
Таа изјави дека тоа било единствено училиште во Марави во коешто бил обучуван медицински кадар, а школувањето на универзитетско ниво траело пет години. Секоја година имале околу 300 дипломци.

Заедно со семејството, како и многи нивни пријатели и сограѓани, побегнале во безбедно подрачје.
„За време на судирите, од една страна плачев, а од друга разговарав по телефон. Им ѕвонев на сите и им велев да се спасат. Моите роднини и вработени се префрлени во сигурни подрчаја“, изјави Дипатуан.
Таа додаде дека со копнеж го чека денот кога по завршувањето на судирите ќе се врати во својата куќа и ќе изгради болница и училиште.
„Сакаме да се вратиме во Марави и да изградиме наш град“, додаде Дипатуан, која вели дека во согласност со можностите се обидува да им помогне на луѓето во кампот.
Филипинската војска на 23 мај започна акција во градот Марави, со да го зароби бараниот терорист, а милитантите на групата Мауте, поврзани со ДЕАШ, го окупираа Марави за да го спасат.
Поради судирите што во тој град траат веќе четири месеци, повеќе од 400.000 лица побегнаа од Марави.