Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ/БУЕНОС АИРЕС (АА) - Пред „референдумот за независност“ на Регионалната курдска управа на Ирак, кој се планира да се одржи на 25 септември, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека ги поддржуваат легитимните напори на курдскиот народ да добие сопствена држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израел, дистанцирајќи се од секаков вид тероризам, ги поддржува легитимните напори на курдскиот народ за добивање сопствена држава“, се вели во соопштението на кабинетот на Нетанјаху.
Во соопштението се наведува дека Израел се дистанцира од ПКК и го смета за терористичка организација.
Во веста на „Jerusalem Post“ (Ерусалим пост) се истакнува тоа дека Нетанјаху дал ваква изјава една недела откако ГШ на армијата на Израел, Јаир Голан, изјавил дека ПКК не ја сметаат за терористичка организација.
Голан во својот минатонеделен говор во Институтот за политика на Блискиот Исток во Вашингтон, истакнал дека неговото лично мислење е оти ПКК не е терористичка организација.
Тој нагласи дека од почетокот на 60-тите години на минатиот век, Израел досега имал добра соработка со курдскиот народ. „Најпозитивниот развој во врска со судбината на Блискиот Исток ќе биде да се формира еден курдски ентитет – еден независен ентитет“ пренесе тој.
Израелскиот премиер Нетанјаху минатиот месец истакна дека поддржува независна курдска држава во Ирак, и Курдите ги опиша како „храбри и прозападни луѓе кои ги споделуваат нивните вредности“.
Претседателот на Регионалната курдска управа на северниот дел од Ирак, Месут Барзани, по средбата со политичките партии одржана на 7 јуни, соопшти дека на 25 септември 2017 година ќе се одржи референдум за независност, за што долго време се дискутира.
Од друга страна, ирачкиот премиер Хајдар ал Абади, по објавувањето на референдумот истакна дека тоа е противуставно, и оти нема да се прифати резултатот од овој референдум.
Парламентот на Ирак со едно гласање го одби „референдумот за независност“ на Регионалната курдска управа на северниот дел од Ирак, кој требаше да се одржи на 25 септември.
Регионалната курдска управа на Ирак не доби поддршка од меѓународната заедница за одлуката за одржување „референдум за независност“ на 25 септември.
Турција, Иран, САД, Германија и Европската Унија (ЕУ) упатија предупредување, нагласувајќи го територијалниот интегритет на Ирак, а Русија пренесе дека Курдската администрација треба добро да размисли за резултатите од референдумот.