Ekipa
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 433 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 152.002, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 46 починати лицa, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.818.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 132.171.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 15.013.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.453 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања.