Gülbahar Sayım
07 ноември 2016•Ажурирај: 08 ноември 2016
БАМAКО (АА) - Три лица го загубија животот во напад врз конвој на Мисијата на Обединетите нации во Мали (МИНУСМА), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од МИНУСМА се истакнува дека во централната област Мопти, во Мали, при минување на конвојот на Мисијата експлодирала претходно поставена мина и дека вооружените лица отвориле оган кон конвојот.
Во нападот загина еден припадник на сините беретки од Того и беа повредени двајца цивили. Во соопштението исто така е наведено дека во нападот се повредени уште седуммина припадници на сините беретки, од кои тројца се тешко повредени, и дека започнала истрага за пронаоѓање на напаѓачот.
И минатата недела беше извршен напад во северниот дел на земјата. Одговорноста за овој напад ја презеде милитаристичкото движење Ансарудин, поврзано со Ал Каеда во исламски Магрип, и во извршениот напад животот го загубил еден војник, припадник на француските сили Баркахне.
Според податоците на ОН, МИНУСМА е основана во јуни 2013 година, со цел да се воспостави мир во Мали. Во извршените напади во последните 3 години, животот го загубиле околу 75 припадници на сините беретки.