Ekipa
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ХАНОЈ (АА) - Судот во северен Виетнам осуди девет лица на смртна казна поради трговија со хероин, јавува Anadolu Agency (AA).
Државните медиуми објавија дека водачот Транг А Танг и уште осум виетнамски државјани се осудени поради криумчарење на 626 килограми хероин од Лаос и Тајван во Виетнам, во периодот од 2009 до 2013 година, кога членовите на бандата се уапсени.
Народниот суд во покраината Бак Нин им одреди смртни казни по судењето што траеше четири дена.
Три други лица, меѓу кои, сопругата и таткото на Танг, добија казна доживотен затвор за истите обвинувања.
Виетнам е меѓу земјите што имаат најстроги закони за дрогата: за продажба дури и на 100 грама хероин, пропишана е смртна казна.