Hacer Başer
15 Ноември 2016•Ажурирај: 16 Ноември 2016
КАИРО (АА) - Судот во Египет ја укина смртната казна изречена на соборениот египетски претседател, Мухамед Морси, во случајот познат како „Масовно бегство од затворот во 2011 година“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неименувани судски извори тврдат дека судот наредил повторување на судењето.
Египетскиот суд ја потврди пресудата во јуни минатата година, со која Морси е осуден на смртна казна.
Претходно судот донесе и пресуда со која Морси, демократски избраниот претседател на Египет беше сменет во воениот удар во 2013 година, и уште 16 обвинети осудени на доживотен затвор обвинети за шпионажа.
Првиот демократски избран претседател на Египет, Мухамед Морси, е соборен со воен удар во јули 2013 година, една година по преземањето на претседателската функција.