Cemal Coşkun
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
САКАРЈА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во сабота изјави дека прашањето за смртната казна е на дневен ред на Владата на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прашањето за смртна казна е на дневниот ред на Владата на Турција. Откако парламентот ќе донесе одлука за тоа, како што кажав и претходно, јас како претседател ќе ја потврдам таа одлука. Западот не може да донесува одлука за тоа. Ние донесуваме одлука за ова прашање", изјави Ердоган.
Тој потсети дека во Турција за одбрана на земјата во текот на историјата загинаа голем број војници.
„И ние денес, со нашата војска, полиција, сите заедно ќе ја продолжиме таа борба. Битно е да го сочуваме единството и да останеме силни. Не смееме да го загрозиме нашето братство и солидарноста, бидејќи само така секогаш ќе бидеме победници", рече Ердоган.