Erbil Başay
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
БЕРЛИН (АА) – Во Минхен, едно лице нападнало две покриени жени муслиманки, јавува Anadolu Agency (AA).
Минхенската полиција соопшти дека 38-годишно лице во метро нападнало една 46-годишна покриена муслиманка и нејзината 17-годишна ќерка. Напаѓачот прво почнал да фрла салфети кон двете жени, а потоа продолжил со навреди кон нив.
Се дознава дека тој вербално изразувајќи ја својата омраза кон муслиманите, на двете жени им рекол дека треба да се вратат во својата држава. Веднаш потоа ѝ удрил шлаканица на девојката, по што посегнал и по нејзината мајка, но не успеал да ја повреди.
Едно лице интервенирало и го спречило напаѓачот.
Лицето вербално го нападнало и обезбедувањето на метро-станицата, пред да пристигне полицијата. Со истите навреди и напади продолжил и во полициската станица.
Полицијата отвори истражна постапка против напаѓачот.