Dilara Zengin
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ХАНОЈ (АА) - Турција ќе ги зајакне своите трговски врски со азиските земји, вклучувајќи го и Виетнам, изјави денес турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата земја ќе ја задржи својата стратегија за зајакнување на трговската и економската ефективност на Далечниот исток, главно на азискиот пазар“, изјави турскиот премиер за време на неговиот говор на бизнис форумот Виетнам – Турција во Ханој.
Јилдирим истакна дека е завршен процесот на ратификација на договорот за реципрочно промовирање и заштита на инвестициите, како и за спречување на двојното оданочување, потпишан во 2014 година со Виетнам.
„Турските инвеститори придонесуваат за економијата на Виетнам со инвестиции од над 700 милиони долари“, истакна тој.
Турскиот премиер рече дека се забрзани работите за потпишување на договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
„Соработувајќи со земја којашто има големо стратешко значење, како Виетнам, и продолжувањето на оваа соработка се наши приоритети“, додаде тој.
Јилдирим нагласи дека Турција и Виетнам се земји кои имаат трговски обем од вкупно 683 милијарди долари и над 1 трилион долари меѓународен приход, со вкупно население од 173 милиони во 2016 година.
„Обемот на трговијата меѓу Турција и Виетнам е под 2 милијарди долари и не е пропорционален со потенцијалот на населението на двете земји“, рече тој.
„Ние имаме за цел да ја зголемиме билатералната трговија на најмалку 4 милијарди долари до 2020 година во првата фаза“, изјави Јилдирим.
Премиерот истакна дека извозот на Турција во Виетнам се зголеми за 16 отсто во првата половина од 2017 година, додека извозот на Виетнам во Турција се зголемил за 33 отсто во истиот период.
„Иако трговскиот баланс не е во полза на Турција, тоа ќе се постигне со зголемување и диверзификацијата на трговијата“, додаде тој.