спорт

Резултати од натпреварите во Лига на шампиони: Јувентус дома загуби од Манчестер Јунајтед

- Синоќа се одиграа 8 натпревари од 4. коло во групите Е, Ф, Г и Х на Лигата на шампиони

Yunus Kaymaz  | 08.11.2018 - Обновена : 08.11.2018
Резултати од натпреварите во Лига на шампиони: Јувентус дома загуби од Манчестер Јунајтед

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа во рамките на 4. коло се одиграа 8 натпревари во групите Е,Ф, Г и Х од Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).

Најголемото дерби се одигра во групата Х, каде италијанскиот претставник Јувентус на домашен терен го пречека англискиот претставник Манчестер Јунајтед. Гостите извојуваа победа од 1:2, иако домаќинот преку Кристијано Роналдо поведе со 1:0 во 68. минута од натпреварот. Со погодокот на Хуан Мата во 86. и автоголот на Алекс Сандро во 89. минута, Манчестер Јунајтед дојде до посакуваната победа против Јувентус во гости.

Екипата на Реал Мадрид, која последните три години е освојувач на Купот на Лигата на шампиони, на гостинскиот терен на чешката екипа Викторија Пилзен извојува убедлива победа од 0:5.

Погодоците за Реал Мадрид ги постигнаа Карим Бензема во 20. и 37. минута, Карлос Каземиро во 23., Герет Бејл во 40. и Тони Крос во 67. минута од натпреварот.

Бензема на овој натпревар успеа да го постигне својот 200. погодок во дресот на Реал Мадрид, успех, што пред него им појде од рака на Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш, Карлос Сантилјана, Хуго Санчез, Раул и Кристијано Роналдо.

Во групата Ф, англискиот претставник Манчестер Сити на домашен терен го пречека украинскиот претставник Шахтјор. Сити извојува убедлива победа со 6:0, а погодоците ги постигнаа Давид Силва во 13. минута, хет-трик Габриел Џесус со погодоците во 24., 72. и 90. минута, Рахим Стерлинг во 48. и Ријад Марез во 84. минута.

По одиграното 4. коло во Лигата на шампиони, резултатите од одиграните натпревари и табеларен приказ во групите Е, Ф, Г и Х:



Група Е:

Бенфика - Ајакс 1:1

Баерн Минхен - АЕК 2:0

ЕкипаН П Н П П П Раз Поени
Баерн Минхен 431071610
Ајакс42206248
Бенфика411246-24
АЕК4004210-80



Група Ф:

Манчестер Сити - Шахтјор 6:0

Олимпик Лион - Хофенхајм 2:2

Екипа Н П НП ПП Раз Поени
Манчестер Сити430112 399
Олимпик Лион41309 816
Хофенхајм40318 9-13
Шактар Донетск
40224 13 -92



Група Г:

ЦСКА Москва - Рома 1:2

Викторија Пилзен - Реал Мадрид 0:5

ЕкипаН П Н П П П РазПоени
Реал Мадрид430110289
Рома430110469
ЦСКА Москва
411247-34
Викторија Пилзен
4013314-111



Група Х:

Валенсија - Јанг Бојс 3:1

Јувентус - Манчестер Јунајтед 1:2

Екипа Н П Н П П П Раз Поени
Јувентус
43017259
Манчестер Јунајтед
42115237
Валенсија
41214405
Јанг Бојс
4013210-81




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.