Dejan Maksimovic
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
МАДРИД (АА) - Фудбалерите, тренерите и персоналот на Реал Мадрид се на мини одмор кој го добија по повод Божиќ, а на секојдневните обврски ќе се вратат на 30 декември, за кога е закажан и тренингот за навивачите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зинедин Зидан и неговите играчи тренингот ќе го одржат на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во клупскиот тренинг камп во мадридската населба Валдебебас. Сите навивачи кои плаќаат клупска членарина имаат право да побарат по две влезници за отворениот тренинг на своите миленици. Влезниците беа распродадени уште вчера. Капацитетот на стадионот во тренинг кампот е 6.000 места за седење.
Изгледа дека навивачите на Реал Мадрид брзо го заборавија неодамнешниот дебакл (0:3) на „Сантјаго Бернабеу“ во дербито против Барселона.