Dejan Maksimoviç
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Нголо Канте, последниот играч од средниот ред на лондонскиот клуб Челзи, доцна синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер на Франција во 2017 година, иако многу очекуваа дека тоа признание ќе отиде во рацете на младиот Килијан Мбапе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изборот на „France Football“, еден од најпрестижните светски фудбалски списанија, Канте го наследи минатогодишниот победник Антоан Гризман, шампионот на Атлетико Мадрид.
Канте, кој заедно со Џејми Варди и Ријад Марез го предводеше Лестер Сити до сензационалната титула, шампион на Англија, во сезоната 2015/16, минатата сезона истиот успех го повтори со Челзи.
Благодарение на прекрасните партии во дресот на „сините“ беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. Истото признание го доби од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија (PFA) и Асоцијацијата на фудбалски новинари (FWA). Секако, му припадна и клупската награда наменета за фудбалер на годината.
Канте ја започна професионалната кариера во Булоњ, продолжи во Кан, за во 2015 година да се префрли во Англија, поточно во Лестер. По сезоната на соништата со „лисиците“ преминува во Челзи. За „сините“ од Лондон одигра 63 натпревари и постигна три гола. Во дресот на Франција, 26-годишниот фудбалер дебитираше во март 2016 година против Холандија. Досега одигра 20 натпревари со еден постигнат гол.