Bedrudin Brlyavac
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - По последните два натпревари од осмина финалето кои се играа во понеделник, познати се паровите од четврт финалето, на 15- Европско првенство во фудбал кое се игра во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во четврток се состануваат Полска и Португал во Марсеј, а ден подоцна на програма е средбата помеѓу Велс и Белгија во Лил.
Во сабота се игра дербито во Бордо помеѓу Германија и Италија, додека во последниот меч од четвртфиналето домаќинот Франција ќе го дочека најголемото изненадување на натпреварувањето, селекцијата на Исланд во Париз.
Сите натпревари од четвртфиналето ќе се играат од 21 часот. Првиот ќе биде одигран на 30 јуни, а последниот на 3 јули.