Hüseyin Burak Demirer
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Бројните фудбалери од европските и турски клубови го осудија синоќешниот терористички напад на аеродромот „ Ататурк” во Истанбул, во кој загина најмалку 41 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Репрезентативецот на Германија со турско потекло и играчот од англискиот Арсенал, Месут Озил, преку својот Инстаграм профил го осуди терористичкиот напад во Истанбул, и упати порака на сочуство кон цела Турција.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Ѓундоган, се огласи исто така преку социјалните мрежи, а неговата порака на турскиот народ беше „Останете силни” .
Хакан Чалханоглу кој настапува за германскиот Баерн Леверкусен, на својот профил повика на молитви за Истанбул, Турција и за мирот.
Покрај нив, и фудбалерите кои не се со турско потекло се солидаризираа со жртвите на терористичкиот напад во Истанбул.
„Се молам за целиот свет. Но денес најмногу се молам за градот во кој живеам. Многу ми е жал. Моите молитви и желби се со жртвите и сите граѓани на Истанбул”, порача Холанѓанецот Весли Шнејдер, кој игра во истанбулскиот Галатасарај.
Голманот на Галатасарај и репрезентацијата на Уругвај, Фернандо Муслара е исто така и еден од фудбалерите кои повика на молитви за Истанбул.
„Доста е! Некој мора да стори нешто. Вакви работи не треба да се случуваат во ваква убава земја ”, порача Муслера.
Германецот, Марио Гомез и фудбалерот на истанбулскиот Бешикташ изрази жалење по повод нападот на аеродромот во Истанбул, а посебно што со еден таков напад е погодена цела Турција.
Во нападот, според последните информации од Канцеларијата на Гувернерот на Истанбул, загина најмалку 41 лице, а 130 повредени се уште се наоѓаат во болница.
Одговорност за нападот сеуште не презеде никој, но синоќа турскиот премиер, Бинали Јилдирим, изјави дека сознанијата на истражните органи укажуваат на тоа дека нападот бил дело на ДАЕШ.