Doga Kirmizioglu
19 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Со пласманот во полуфиналето на Мастерс-турнирот во тенис, кој се одржува во Рим, Новак Ѓоковиќ и Марија Шарапова ги постигнаа своите најдобри резултати на турнирите на кои учествуваа оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
На Мастерс-турнирот во Рим кој се игра на земја, во машка поединечна конкуренција, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Јапонецот Кеј Нишикори со резултат 2:1, по сетови (2-6, 6-1 и 6-3), и се пласираше во полуфиналето на турнирот.
Шпанецот Рафаел Надал, светскиот рекет број 2, совладувајќи го Италијанецот Фабио Фоњини 2:1, по сетови (4-6, 6-1 и 6-2), се пласираше во полуфиналето на Мастерс-турнирот во Рим, каде што ќе игра против Ѓоковиќ.
Во женска поединечна конкуренција, Русинката Марија Шарапова со резултат 2:1, по сетови (6-7, 6-4 и 7-5), ја совлада последната победничка на Мастерс-турнирот во Франција (познат и како Ролан Гарос), Летонката Јелена Остапенко и се пласира во полуфиналето.
Во вториот полуфинален натпревар, Романката Симона Халеп, женскиот светски рекет број 1, ја совлада Французинката Каролин Гарсија со резултат 2:0 (6-2 и 6-3) и во полуфиналето ќе игра против Шарапова.