спорт

Конте: „Може денеска да го освојам ФА Купот и да добијам отказ“

Финалето на ФА Купот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед се игра денеска на лондонскиот стадион „Вембли“ со почеток во 18:15 часот.

Dejan Maksimoviç  | 19.05.2018 - Обновена : 20.05.2018
Конте: „Може денеска да го освојам ФА Купот и да добијам отказ“

London

ЛОНДОН (AA) – Антонио Конте, менаџерот на Челзи, верува дека постои можност денеска во финалето против Манчестер Јунајтед да го освои ФА Купот, но, дека сепак, може да добие отказ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Конте во Челзи дојде минатата сезона и супериорно ја освои Премиер лигата. Но, во случај на пораз во денешното финале, ќе остане без ниту еден трофеј сезонава.

„Кога имате негативна ситуација, тогаш морате да бидете подготвени да работите многу напорно на подобрување на секој аспект. Мислам дека оваа сезона го направив тоа, заедно со мојот стручен штаб. За да се оцени сеозната, постојат и други луѓе кои можат да судат за вашата работа. Мислам дека не сум првата личност која ви кажала: 'Во ред, ако победам, ја планирам оваа ситуација, или ако не победам, планирам друга ситуација.' Тоа не ме интересира. Ме интересира победа во финале. Тоа е најважната работа за мене и за моите играчи“, рече Конте за британските медиуми, и додаде:

„Праведно е да се одделат две работи, бидејќи во спротивно, доколку не победите, тоа значи дека не сте работеле добро. Понекогаш може да победиме, но клубот да одлучи да ве отпушти, бидејќи има причина за тоа.“

Неуспехот не би бил само поразот во финалето на ФА Купот, туку и петтото место кое Челзи го освои во Премиер лигата. Не е обезбеден пласман во Лигата на шампионите наредната сезона, туку Челзи ќе се натпреварува во Лига Европа.

„Единствено со сигурност можам да кажам дека ова е мојот последен натпревар оваа сезона. Потоа, како што знаете многу добро, имам договор и ќе бидам посветен на клубот“, нагласи.

Финалето на ФА Купот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед ќе се игра денеска на лондонскиот стадион „Вембли“, со почеток во 18:15 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın