Dejan Maksimoviç
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Антонио Конте, менаџерот на Челзи призна дека во текот на оваа сезона имал неколку непроспиени ноќи поради проблемите во неговиот тим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Актуелниот англиски шампион го држи третото место во Премиер лигата, но има дури 15 поени помалку од Манчестер Сити. Во прилог на ова, „сините" оваа недела беа елиминирани од страна на градскиот ривал, Арсенал, во полуфиналето на Лигата на Купот.
„Не е лесно, знаете дека живеам за оваа работа кон која имам голема страст и љубов. Поради тоа понекогаш не спијам кога морам да се носам со тешки ситуации. Се обидувам да го направам она што е најдобро за овој тим и за играчите и за навивачите. Играњето на секои три дена за нас не е лесно. Се надеваме дека ќе ги имам сите наши играчи на располагање", изјави Антонио Конте.
Челзи овој викенд го чека дуел во четврт-финалето на ФА Купот против Њукасл Јунајтед. Олеснувачката околност е дека играта ќе се одигра на „Стемфорд Бриџ" во недела.