Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
АНКАРА (AA) - Белгиските научници утврдија дека се ограничени можностите за учење во текот на сонот, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите на УЛБ Институтот за невронаутика (УНИ) открија како мозокот, и додека човекот спие, продолжува да процесуира звуци, но дека тогаш не може да ги групира.
Научниот тим предводен од Филипе Пеигнеу ги анализираше активностите на мозокот на испитаниците со магнетоенцефалографија (МЕГ).
Забележани се одговори во мозокот на испитаниците на поединечни звуци, но не е добиен податок за нивно групирање.
Истражувањето е објавено во списанието „Scientific Reports“.