Bilgin S. Şaşmaz
09 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
ЧИКАГО (AA) - Билгин Сасмаз -
Тахера Рахман (27) е првата телевизиска репортерка со хиџаб во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Работи на локалната телевизија WHBF, која има свои канцеларии во Илионис и во Иова. Родителите на Тахерини се од Индија и Пакистан, а таа е родена во близина на Чикаго. Во текот на разговорот се осврна на растењето во земјата во која сè се сменило на 11 септември 2001 година.
„И јас, како и целата муслиманска заедница, бев во шок на 11 септември. Муслиманите наеднаш почнаа да ги гледаат како непријатели. Родена сум во САД, тука и пораснав. Но и нашите соседи гледаа со сомнеж кон нас. Тогаш одлучив да направам нешто за да се смени мислењето за муслиманите“, раскажа Рахман во разговор за AA.
Новинарството го избрала, како што рече, поради можноста човечките приказни да му се раскажат на целиот свет.
Со поддршка на родителите се запишала на Департманот за новинарство на Универзитетот „Лојола“ во Чикаго. Во текот на студиите добивала многу прашања за тоа дали е подготвена да го тргне хиџабот за да се занимава со работата која е остварување на нејзините соништа.
Секако, порача таа, одговорот бил негативен. Многумина уште тогаш ѝ говореле дека поради хиџабот ќе има проблеми во наоѓањето работа. И така и било. Рахман порача дека многупати била одбиена за работа. Сфатила дека поради хиџабот нема да добие работа на репортер пред камера.
На телевизијата WHBF, првенствено почнала да работи како репортер „зад камерата“. И по повеќе од две години не изгубила надеж дека еден ден ќе се најде пред камерите.
„Шефовите ги одбија моите први две барања. Потоа им пишав мејл во кој ги прашав што е потребно да направам за да го работам она што го сакам, и продолжив да работам уште повеќе. Потоа успеав да ја добијам работата што ја сакам“, раскажа Рахман.
На екранот првпат се појавила на 8 февруари. Според нејзините зборови, наишла на позитивни коментари од целиот свет.
„Татко сум на две девојчиња и христијанин сум. Сакам да Ве повикам во мојот дом во Дес Моинес да го запознаете моето семејство. Сакам да Ве запознаат моите ќерки“, е една од пораките на луѓето кои ѝ пружиле поддршка во работата.