Süleyman Elçin
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Студентката Џерен Јилмаз, тешка 45 килограми, за 23 минути изеде 255 раженчиња и го сруши рекордот на угостителски објект во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилмаз, покрај раженчињата, испи и три чаши ајран, две шишиња вода, а јадеше и салата.
Илијас Демир, сопственик на угостителски објект, организираше натпревар во јадење раженчиња. На натпреварот се пријавија 21 студент.
Јилмаз го собори рекордот и освои мобилен телефон вреден 5.000 лири (околу 879 евра), злато во вредност од околу 55 евра и право на бесплатен оброк во текот на четири месеци.
Џерен Јилмаз изјави дека на натпреварот се пријавила за да им докаже на сите оние што ја потценувале поради нејзината тежина, дека грешат.
„Изедов околу 4 килограми месо. За еден час се здебелив. Ќе го зголемам својот рекорд“, одлучна е Јилмаз.
Таа не го изненади само сопственикот, туку и останатите натпреварувачи.
Сопственикот Демир истакна дека претходниот рекорд го поставила Бушра Џанимоглу, која за 18 минути изела 194 раженчиња.
„Во категоријата за мажи ќе доделиме награда за оној што ќе изеде над 300 раженчиња месо“, додаде тој.