Yılmaz Kazandıoğlu
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
ХАККАРИ (AA) – Тешко ранетото 11- месечно бебе почина вечерва во болница во Турција како втора жртва на бомбашки напад во кој терористите на ПКК ја убија и мајката на бебето, јавува Anadilu Agency (AA).
Кабинетот на гувернерот на областа Хаккари претходно соопшти дека терористите на ПКК изведоа бомбашки напад на локалниот пат во дистриктот Јукселова.
Подметнатата експлозивна направа е активирана со далечински управувач во моментот на поминување на автомобил во кој беа Нурџан и Бадрихан Каракаја, сопруга и бебе на припадник на Турските вооружени сили.
Сопругата на турскиот војник загина на местото на нападот, а тешко ранетото бебе почина во болница во центарот на дистриктот.
Турските безбедносни сили покренаа операција за потрага по напаѓачите.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ).