Ömer Tuğrul Çam
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се надева дека во Либија наскоро ќе биде потпишан договорот за прекин на огнот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денеска се состана со премиерот на Италија, Џузепе Конте. По состанокот што во Претседателската палата, Ердоган и Конте одржаа заедничка прес-конференција.
Во својата изјава, претседателот Ердоган рече дека очекува наскоро да се потпише договор за прекин на огнот во Либија.
„Мислам дека ќе заврши во вечерните часови, добивам информации дека продолжуваат во позитивна насока“, изјави турскиот претседател.
Ердоган исто така истакна дека преговорите во Москва ќе ја формираат и инфраструктурата на Берлинскиот процес.
„Се надевам дека со текстот што ќе се усогласи тука заедно ќе одиме во Берлин. Со работите што ќе се направат во Берлин, оваа работа ќе ја поставиме на цврста основа“, нагласи претседателот Ердоган, додавајќи дека посакува договорот за прекин на огнот кој ќе биде поставен на цврсти темели да биде основа на мирот за иднината на сите во Либија.
Претседателот Ердоган рече дека на денешната агенда се наоѓало и прашањето за Сирија.
Тој додавајќи дека на средбата нагласил дека очекува поддршка од Италија за напорите на Турција за одржување на статусот на деескалационата зона во Идлиб, рече:
„Г-динот Конте го информирав за активностите на Турција за обезбедувањето на мирот на теренот, за унапредувањето на политичкиот процес и активностите кои се преземаат за уништувањето на теророт. Му кажав за значењето на постојаниот прекин на огнот за Идлиб.“
Истакнувајќи дека на состанокот со премиерот Конте разговарале и за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), турскиот претседател потсети дека минатиот викенд, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел ја посетил Турција.
„Со него во палатата „Долмабахче“ имавме сеопфатен состанок. Пренесов кои се нашите очекувања во наредниот период. Изразивме очекување дека сите овие контакти и позитивниот почеток на ист начин ќе се рефлектира на нашите односи“, нагласи Ердоган.
На прес-конференцијата осврнувајќи се на односите помеѓу Турција и Италија, Ердоган рече дека на денешната средба се согласиле Самитот меѓу владите кој не се одржува од 2012 година, да се реализира оваа година.
Турскиот претседател се осврна и на економските односи помеѓу двете земји и рече дека се задоволни од позитивниот курс кој се искачи до 20 милијарди американски долари, но тоа сметаат дека тоа не е доволно.
„Целта што ја поставивме предходно е 30 милијарди американски долари. Мора решително одиме кон оваа цел од 30 милијарди американски долари. И кај почитуваниот Конте ја видов таа желба. Затоа заедно со решеност треба да одиме кон целта од 30 милијарди американски долари“, нагласи Ердоган.
-Конте: „ Нашата цел е неподелена, независна и суверена Либија“
Италијанскиот премиер Џузепе Конте, рече дека прекин на огнот што стапи во сила во Либија, по повикот на Турција и Русија ќе отвори прозорец за влегување на мировен процес.
Конте истакнувајќи дека на средбата разговарале за многу прашање, меѓу кои и за Либија рече: „Благодарение на Берлинскиот процес, тензиите во Либија ќе бидат заменети со политички процес“
Тој исто така додаде дека како Италија, нивната цел е неподелена, независна и суверена Либија.