Ekipa
26 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
РИМ (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери денес ќе ги посети Рим, Брисел и Лондон и ќе се сретне со највисоките британски официјални претставници како и со претставници од Европската унија (ЕУ) во светло на историската одлука на Велика Британија да ја напушти Европската унија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е најавено од страна на Соединетите Американски Држави, Кери носи „поракa на поддршка” и одговори и предлози зa новoнастанатата ситуација односно кризата во доменот на економијата.
Кери денес најпрвин ќе допатува во Рим каде што ќе се состане со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и со италијански официлајни лица.
Планирано е истиот ден Кери да го посети Брисел каде што ќе разговора со шефицата за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини.
Американскиот државен секретар во Лондон ќе се сретне со британскиот секретар Филип Хамонд пред да се врати во Вашингтон кон крајот на денот.