Recep Şakar
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Мелбурн одржани се антимуслимански и антимигрантски протести на радикалните десничарски групи, но и паралелен собир на групи кои се противат на тие радикални ставови, јавува Anadolu Agency (AA).
Радикалните десничари најавија дека протестите ќе ги одржат пред зградата на регоналниот парламент на Викторија, но во тоа ги спречија демонстрантите кои се противат на антимуслиманските и антимигрантските ставови, а кои на платото пред парламентот стигнаа пред десничарите.
Радикалните групи притоа се собраа и протестираа на платото пред Музејот во Мелбурн.

Паралелните протести се одржани со зголемени мерки на безбедност, но во неколку наврати дојде до туркање помеѓу демонстрантите и полицијата која ги спречуваше спротиставените групу да дојдат во директен контакт
Полицијата лиши од слобода еден демонстрант кој го запали австралиското знаме и ги нападна новинарите кои ги следеа протестите.
Учесниците во антирасистичкиот собир пред парламентот порачаа дека нема да дозволат, под изговор на омраза кон муслиманите и мигрантите во Мелбурн, да се одржуваат расистички протести на радикалните десничари.
Со слоганите „Добредојдовте муслимани и мигранти”, „Не за расизмот и расистите”, демонстрираа со мирна протестна прошетка од комлексот на парламентот до центарот на градот.
„Ова е важен ден. Радикалните десничари имаат за цел со прошетката и протестите на улиците на Мелбурн да сеат расизам, страв и омраза. Меѓутоа, стотина граѓани се собраа и рекоа дека тоа тука не може да се случи. Навистина е убаво да се види ваква реакција” , изјави Џером Смол, еден од организаторите на антирасистичкиот собир.