Sümeyye Dilara Dinçer
01 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
АНКАРА (АА) – Во Австралија, во источниот дел на градот Мелбурн се воведува полициски час за домашните мачки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „9 Њуз“ (9News), властите соопштија дека полицискиот час што ќе започне на 1 октомври во Кнокс, источно предградие на Мелбурн, има за цел да ги заштити мачките и дивиот свет.
Се наведува дека за првото прекршување на полицискиот час сопствениците на мачките ќе плаќаат парична казна од 91 долар, а за следното прекршување ќе плаќаат парична казна од 545 долари.
Локалните власти посочија дека 7.000 домашни мачки кои се регистрирани во регионот нема потреба да лутаат наоколу туку можат да шетаат во станбената градина. За да се спречи да излегуваат надвор од градината потребно е да се изградат огради.
Одлуката, која беше поздравена од некои еколози, наиде на реакција од сопствениците.
Сопствениците на мачки истакнаа дека „се обидуваат да ги чуваат своите мачки во градината, но понекогаш тие бегаат во градините на соседите или на улица“.
Ричард Фарагер, претседател на Асоцијацијата за животна средина во Кнокс, истакна дека мачките ги елиминираат птиците, малите цицачи и гуштерите.
Шарлот Џенсен, сопственичка на мачки која живее во подрачјето, рече: „Или ќе потрошам многу пари за да изградам ограда на целата градина или ќе оградам една површина од дворот за мачката. Тоа не е фер за нив, исто е како тигарот што е затворен во зоолошка градина.“