Sümeyye Dilara Dinçer
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
АНКАРА
Алармантноста на вулканот Тал што се наоѓа јужно од Манила, главниот град на Филипините, поставена е на трето ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Блумберг“ (Bloomberg), Филипинскиот институт за вулканска наука и сеизмологија соопштил дека алармантноста на вулканот Тал по исфрлањето облаци со пареа и прашина кои се издигале со километри во воздухот, од петто ниво е искачена на трето ниво.
Претставниците на власта препорачаа евакуација на селата близу вулканот поради можни вулкански ерупции и опасност од вулканско цунами.
- Евакуирани над 82.000 луѓе од безбедносни причини
Кога вулканот Тал еруптира во 1965 година, животот го загубија повеќе од 200 луѓе кои живееле во оваа област.
По ерупцијата на вулканот на 12 јануари, пепелта и чадот се протегаа до главниот град Манила, оддалечен 56 километри.
По ерупцијата, Филипинскиот институт за вулкани и земјотресни науки го зголеми нивото на вонредна состојба во регионот на четврто ниво, што укажува на „опасност од ерупција на лава“. Евакуирани се повеќе од 82.000 луѓе од населените места на островот, како и во населбите околу езерото, од безбедносни причини.
Тал, најмалиот вулкан на светот, е еден од 24-те активни вулкани на Филипините.
Филипините се наоѓаат во таканаречениот „Огнен појас“ во Пацификот, во кој земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.