Recep Şakar
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Граѓаните во австралискиот Мелбурн протестираа за забрана на хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу демонстранти кои се собраа пред библиотеката во Мелбурн беа претежно жени. Извикуваа слогани против нуклеарното оружје.
За време на демонстрации, кои беа организирани под наслов „Жените сакаат да се забранат бомбите", насобраните бараа нуклеарното оружје што поскоро да се отстрани од лицето на земјата.
Насобраната толпа која прошета низ градот, носеше транспаренти „Не сакаме друга Хирошима", „Забранете ги бомбите" и „Не за нуклеарното оружје".
Тие ја повикаа Владата на Австралија да се преземат чекори за забрана на нуклеарното оружје. Протестот траеше околу два часа.