Ekipa
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека новите санкции на САД во Русија ќе ги наруши односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во саботата во интервјуто објавено од страна на новинската агенција ТАСС изјави дека „тоа сигурно ќе ги докомплицира руско-американските односи."
Рускиот лидер истакна дека е премногу рано да се зборува за можен одговор на санкциите.
Сенатот на САД во четвртокот со гласање ги одобри санкции против Русија поради нејзината наводна вмешаност во американските претседателски избори 2016 година.
Нацрт-законот, кој беше усвоен со 98 гласа за и само два против, се однесува на руски поединци обвинети за корупција и клучните сектори на руската економија.
Путин рече дека Русија ќе биде принудена да направи некои промени поради санкциите, но дека тие нема да доведе до колапс.
Санкциите беа критикувани од Германија и Австрија, за промовирање на интересите на американската економија.