Haydar Hadi
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките сили извршија акција на сириската и јорданската граница, со што целата област беше ставена под нивна контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Мрежата на военото информирање која работи во рамките на Министерството за одбрана на Ирак наведе дека на сирискиот граничен премин Ел-Велит и јорданската граница е извршена акција на армијата и локалните племенски сили со воздушна поддршка на Ирак и коалициските сили.
Тие истакнаа дека акцијата била спроведена од три страни.
Наим Угуд, претседател на Комитетот за безбедност на провинцискиот совет Eнбар, за АА изјави дека воспоставиле контрола над подрачјето на граничниот премин Tирајбил на ирачко јорданската граница до Велита на сириската граница.
Се наведува дека членовите на терористичката организација ДЕАШ преминувајќи ги овие граници извршуваа напади во Ирак.