Recep Şakar
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Мелбурн се одржаа демонстрации за да се укаже на ограничувањата кои ги наметна Израел за Ал Aкса, јавува Anadolu Agency (AA).
Австралијците, меѓу кои муслимани, христијани, Евреи и Абориџини, се собраа во центарот на Мелбурн за да укажат на воведените ограничувања и забраните кво врска со Ал-Акса.
Демонстрантите носeјќи палестински знамиња во рацете побараа Израел да се повлече од окупираната палестинска територија и да стави крај на забраната во однос на Ал-Aкса.
Тие го критикуваа односот на австралиската влада која го поддржува Израел, и ги осудија изјавите на австралискиот премиер Малком Турнбул.
Демонстрантите потоа низ главите улици ги извикуваа паролите „Слободна Палестина, Слободна Газа“, „Израел напушти ја Газа, повлечи се од Палестина“, а носеа и транспаренти на кои пишуваше „Крај на окупацијата“.
Демонстрациите, на кои немаше инциденти, завршија по два часа.